• Горан Упале
Изминатиот викенд на „Панониа Ринг“ се одржа втората рунда од Алпе Адрија, во рамки на која се бодуваа и ВМУ Европскиот шампионат и ФИМ Европскиот шампионат, а македонскиот натпреварувач Синиша Кочоски оствари одлични резултати на сите полиња.
Во саботната програма, тој стигна до трето место во СТК1000 класата во рамки на Алпе Адрија шампионатот, што претставува значаен успех. Дополнително, освои прво место во СТК1000 во БМУ шампионатот, трето место во СБК категоријата, како и второ место во ФИМ Европскиот шампионатот.
Неделата донесе уште поголем предизвик и покрај непредвидливите временски услови. Кочоски успеа да остане фокусиран и да извлече максимум од трката. Тој повторно се искачи на највисокото место на подиумот во БМУ шампионатот, освои второ место во СБК категоријата и трето место во ФИМ.
Клучен фактор за ваквите резултати беа техничките промени направени на моторот во текот на викендот, кои му ја вратија самодовербата и му овозможија повторно да ужива во возењето.
„Голема благодарност до мојот тим, спонзорите, семејството и сите што ме поддржуваат“, порача Кочоски по успешниот настап.
Следниот предизвик за македонскиот мотоциклист ќе биде трката на патеката „Брно“, каде ќе се обиде да ја продолжи одличната форма.