• Зоран Мишевски

Асот на Мекларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, успеа да тестира мотор на Хонда од Мото ГП, заедно со Марк Маркез за време на денот на благодарноста во јапонската компанија.
Алонсо ја тестираше сериската спецификација - „RC213V“ која се користи во отворената класа во светскиот шампиона во моторциклизам од натпреварувачите како Ники Хајден, Џек Милер и Јуџин Лаверти. Шпанците Алонсо и Маркез ги разменија шлемови на крајот на нивните демонстрациски обиди. Астуријанецот Алонсо исто така ги тестираше автомобилите на Хонда како и „GT“ спецификацијата.
Тој успеа да седне зад воланот на Мекларен - Хонда MP4-6, која била во рацете на Аиртон Сена и Герхард Бергер во 1991 година. Поранешниот пилот во Формула 1, Такума Сато, исто така беше дел од настанот.