Верстапен му ја „украде“ победата на Леклерк во Франција, Хамилтон петтопласиран

Макс Весртапен

Макс Верстапен ја прекина доминацијата на Мерцедес и победи на деветтата трка во овогодишниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот трпеливо возеше и во завршницата ја доби битката со Чарлс Леклерк за да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Третото место го освои Валтери Ботас, следуваше Себастијан Фетел, а казнетиот Луис Хамилтон заврши на петтата позиција.

Младиот возач на Ферари, иако водеше во поголемиот дел од трката, повторно попушти и не успеа да ја исполни својата желба да ја запише првата победа во кариерата. 

На врвот во генералниот пласман се уште е бранителот на титулата Хамилтон пред клупскиот колега Ботас. Сега на третото место е Верстапен пред Фетел и Леклерк.

Следната трка е закажана за 14 јули и ќе се вози на патеката Силверстоун во Велика Британија.