• Иван Димовски
Макс Верстапен ја овои титулата во Формула 1 четврта година во низа. Негов главен предизвикувач беше Ландо Норис, ама и тој заврши далеку зад него.
Во дел од сезоната Британецот се обидуваше да ја стопи предноста, па тие двајца на патеката имаа жестоки битки. Поради тоа се направи слика во јавноста дека не се во добри односи.
„На социјалните мрежи многу се преувеличува. Тоа се идиоти кои на тие платформи секогаш имаат нешто да кажат. Секако дека има и позитивни личности, ама и вистински идиоти.
На патеката некогаш беше напнато со Норис. Сепак, тоа не треба да влијае на нашите односи надвор од неа. Двајцата дававме свој максимум, се трудевме за што е можно подобар резултат. Борбата за светската титула носи такви ситуации, ама ние сме во добри односи“, изјави Верстапен.
Инаку, реалноста е дека Верстапен и Норис се доста блиски еден со друг. Тие се и пријатели надвор од спортот.