Верстапен за дуелот со Хамилтон: Повторно би го направил истото...

Luis

Макс Верстапен ја загуби битката во Бразил каде Луис Хамилтон херојски го освои првото место и ја намали разликата во генералниот пласман.

Возачот на Ред Бул имаше близок контакт со ривалот, по кој и двајцата завршија надвор од патеката. За тоа не доби казна, а непосредно пред трката во Катар го прокоментира моментот кој можеше да донесе нов инцидент.

„Не видов видео од моментот, затоа што седев во автомобилот. Знам што се случи. Повторно би го направил истото што го направив во Бразил. Возевме рамо до рамо, доцна закочивме и двајцата бевме со истрошени гуми. Имавме одличен дуел, но тој на крај беше побрз и победи. Тоа е нормално кога се борите за титула“, изјави холандскиот пилот.

Нова жестока битка се очекува на патеката во Катар овој викенд. Најдобрите Ф1 возачи ќе дебитираат на патеката „Лусаил“.