Верстапен: Спремен сум да се вратам да возам уште веднаш

Првиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, истакна дека и покрај долгата пауза се чувствува подготвен да влезе во болид и да биде дел од Ф1 уште веднаш.

Пандемијата поради коронавирусот го одложи стартот на најбрзиот авто-мото спорт, но тоа не го плаши Холанѓанецот кој има голема самодоверба.

„Во моментов сум во карантин, се чувам максимално и ги почитувам сите препораки. Но, правам се што е возможно да се одржувам во ритам. Возам преку симулатори и мислам дека формата ми е добра. Се чувствувам подготвено уште веднаш да се вратам во болид и да возам“, изјави Верстапен.

Во Формула 1 спортот се создаде голем проблем затоа што стартните девет трки се одложени и поради тоа сезоната „виси“ во целост.