ВИДЕО: Верстапен со „сериозно“ предупредување до Ферари

Ред Бул

Макс Верстапен се доближи до врвот во генералниот пласман, каде моментално стои Чарлс Леклер. Возачот на Ред Бул стигна до трета сезона победа на патеката во Мајами. Уште на почетокот од трката успеа да се справи со двата болиди на Ферари и да го одбрани првото место до самиот крај.

За време на настанот во Соединетите Американски Држави бранителот на тронот испрати интересно „предупредување“ до своите ривали:

„Ферари нека се навикне на овие претекнувања...“ ,  се пошегува Верстапен.

Следната трка е закажана за 22 мај и ќе се вози во Барселона за ГН на Шпанија.