• Саше Љолес
Трката за Големата награда на Холандија во Формула 1 е прекината во третиот круг, откако Макс Верстапен од Ред Бул загуби контрола врз болидот и се заби во заштитната ограда, по што беше кренато црвено знаме.
Четирикратниот светски шампион доживеа голем пех и ја заврши трката, а вистинско чудо е како не се случи уште поголем инцидент, со оглед на тоа што ударот се случи во еден од свиоците на патеката.
Нико Хулкенберг беше особено среќен во оваа ситуација, затоа што одеше директно во болидот на Верстапен, но успеа да закочи и да го одмине во вистински момент. Се очекува трката да продолжи веднаш откако ќе биде расчистена патеката.
Верстапен јави преку тимското радио дека е добар и нема повреди, по што излезе од болидот и пеш се упати кон „боксот“.