• Горан Упале
Карлос Саинц оствари доминантен настап на Австралиското Гран При, откако Макс Верстапен се повлече во четвртиот круг, додека Шарл Леклер заврши на второто место за „едан-два“ победа за Ферари.
Саинц го престигна Верстапен веќе во вториот круг, кога беше овозможен ДРС, на патот кон деветтиот свиок, а Холанѓанецот тогаш заостана помалку од една секунда зад Шпанецот. Но, набрзо почна да се појавува чад од задната лева сопирачка на болидот на Верстапен и во четвртиот круг тој мораше да се повлече, при што му експлодираше диск на сопирачката кога влегуваше во боксот.
LAP 5/58
Verstappen makes it back to the pits. His pit crew can't do anything. He's not coming out again. He's OUT #F1 #AusGP pic.twitter.com/GqQW5W2CHh
— Formula 1 (@F1) March 24, 2024
Саинц не беше вознемирен на патот до третата победа во кариерата, а благодарение на Леклер, легендарниот Ферари по пауза од 2022 година првпат стигна до „еден-два“ победа, а последен пат во Австралија тоа се случи во 2004 година кога Шумахер заврши на првото, a Баричело на второто место.
Норис од Мекларен заврши на третото место, откако на пет круга до крајот влезе во боксот, но потоа по наредба неговиот тимски колега Пјатри го пушти да заврши на пиедесталот.