• Горан Упале
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стигна до нова победа во тешки услови на драматичното холандско Гран при. На „домашен терен“ Верстапен имаше огромна поддршка од домашната публика, а по победата изрази големо задоволство што израдува голем број од своите фанови.
Верстапен ја оствари рекордната деветта победа во низа во Холандија и го израмни рекордот на Себастијан Фетел. Вкупно има единаесет победи во тековниот шампионат.
„Денес беше одлично, но времето не ни помогна. Сепак, донесовме правилни одлуки и сме неверојатно горди на тоа.
Се наежив кога почна интонирањето на националната химна. Притисокот е голем на оваа патека и многу сум среќен кога ќе извојувам победата во Холандија“, изјави актуелниот шампион во Формула 1.
Следната трка на програмата е на трети септември во Монца.