Верстапен против сите: Возачот на Ред Бул доминира по бројот на водечки кругови

Макс

Макс Верстапен ја искористи лошата тактика на Мерцедес во Турција, за да го преземе водството во генералниот пласман.

Луис Хамилтон падна на втората позиција, откако го освои петтото место во Истанбул. Тоа дополнително ја зголемува неизвесноста во битката за шампионската титула.

Холанѓанецот од редовите на Ред Бул вози одлична сезона. Моментално стои на 469 круга на кои бил лидер во било кој дел од трките оваа сезона. Тоа е повеќе од сите останати возачи во Формула 1 шампионатот, кои имаат вкупно 465 водечки круга.

Засега Верстапен има само шест бода во однос на Хамилтон. Нов судир меѓу нив двајца се очекува во Остин, САД на 24 октомври.