Верстапен по крајот на победничката низа: Знаев дека ќе дојде овој ден

Викендов во Формула 1 заврши серијата од неверојатни петнаесет победи на трките во низа за екипата на Ред Бул. Карлос Саинц беше најбрз на трката за Големата награда на Сингапур, а изненадувачки шампионот Макс Верстапен не беше ниту на подиумот. 

Оваа патека е проблематична за Холанѓанецот, па тој финишираше на петтото место, првпат по долго време. 

„Знаев дека овој ден ќе дојде за мене, па апсолутно ми е во ред. Сè мора да биде совршено, сите зборуваат колку сме доминантни и како ни е лесно. Но, никогаш не е лесно. Има многу детали кои мора да бидат поставени како што треба за да сме на врвот, а овој викенд покажа што се случува кога не сме на тоа ниво“, изјави Верстапен.

Верстапен собра десет победи во низа, надминувајќи го досегашниот рекордер Себастијан Фетел.