ВИДЕО: Верстапен пијан едвај стоеше на нозе, а вратата од станот ја отвори...

По оној со Никита Мазепин, кој на социјалните мрежи објави видео како допира девојка по градите, синоќа уште еден скандал ја стресе авто-мото јавноста во светот. Овој пат во фокусот е многу попознатиот Формула 1 возач, Макс Верстапен. 

Холандската телевизија „Зиго“ емитуваше документарен филм од три епизоди за младиот Формула 1 возач, а последната привлече најголемо внимание, затоа што на истата Вестапен е снимен како во алкохолизирана состојба влегува во својот дом во Монако. Овој момент се случи на неговиот 23-ти роденден (30 септември), а во која состојба беше младиот возач најдобро покажува видеото кое беше објавено на социјалните мрежи. 

Холанѓанецот веќе пет сезони е дел од најбрзиот авто-мото шампионат, а досега собрал десет победи и 42 подиуми.