• Мартин Танасковски

Возачот на Ред Бул, Макс Вертсапен, заврши на првото место на трката за ГН на Мајами во рамки на Ф1-шампионатот.
Холанѓанецот кој е актуелен првак имаше одлична трка и доминираше иако тргна далеку од врвот. Веднаш зад него заврши клупскиот колега Серхио Перез за „еден-два“ победа на Ред Бул, додека третото место го зазеде Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Од четвртото до десеттото место, на позициите кои носат бодови, завршија уште Расел, Сајнц, Хамилтон, Леклерк, Гасли, Окон и Магнусен.
За светскиот првак ова беше 38. победа во кариерата. Во генералниот пласман Верстапен има 119 бода, четиринаесет повеќе од Перез, додека третото место му припаѓа на Алонсо со 75 бода.
Следната Ф1-трка ќе се вози на „Имола“ на 21. мај.