Верстапен од десетто место до победа, нов ужасен ден за Ферари

Верстапен

Макс Верстапен запиша голема победа на трката за Големата награда на Унгарија. Холанѓанецот стартуваше од десеттата позиција, но успеа умешно да стигне до самиот врв на пиедесталот.

Трката на патеката „Хунгароринг“ донесе многу пресврти. Неколку возачи застанаа на првата позиција, но на крај шампионот ја победи конкуренцијата и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Двата возачи на Мерцедес го пополнија пиедесталот. Луис Хамилтон продолжи со одличните резултати и го освои второто место, а неговиот клупски колега заврши третопласиран.

Уште еден лош ден имаше екипата на Ферари. Карлос Саинц се задоволи со четвртата позиција, потоа следуваше Серхио Перез, а шести заврши Чарлс Леклер.