Верстапен: Не верувам дека Хамилтон е покомплетен возач од мене

Макс

Битката за титулата во Формула 1 шампионатот оваа година ја водат две имиња – Луис Хамилтон и Макс Верстапен.

Големите ривали од Мерцедес и Ред Бул не разочараа по првите пет трки. Засега блага предност има Холанѓанецот, кој го искористи лошиот ден на конкурентот во Монако.

„Не се согласувам дека Хамилтон е покомплетен, а јас поталентиран. Да, тој има многу искуство. Но, тоа не значи дека е ниво погоре од мене на патеката. Тоа е моето мислење и не ми треба некој да се согласи со тоа или не. Ја имам среќата да бидам дел од формула 1. Не сум љубоморен и не завидувам никому. Едноставно го живеам мојот живот“, изјави 23-годишникот.

Следната трка е закажана за овој викенд, кога најдобрите пилоти ќе се натпреваруваат во Азербејџан.