Верстапен: Не одам во Лондон, се надевам дека тогаш ќе бидам болен!

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, изјави дека нема намера да учествува во претсезонскиот настан кој треба во февруари да се одржи во Лондон, изјавувајќи дека воопшто не знаел дека вакво нешто е предвидено во распоредот. 

Претсезонскиот спектакл треба да се одржи во „О2 Арената“ во Лондон, но Верстапен даде коментар во свој стил и најави дека нема да се појави во Англија. Во „О2 арената“ се очекува да бидат присутни голем број ѕвезди и обожаватели на Формула 1.

„Не знам каков настан е тоа, што е тоа? Јас не знам ништо за ова шоу и мислам дека нема да се појавам во Лондон. Се надевам дека ќе бидам болен таа недела“, рече Верстапен. 

За настанот веќе се пуштени во продажба 20.000 билети, а истиот треба да се одржи пред почетокот на зимските подготовки за следната сезона.