• Иван Димовски
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен уште еднаш посочи дека не сака по секоја цена да вози во Формула 1, доколку тоа не му е предизвик и не се забавува. Холанѓанецот имаше луда сезона во која од лоша позиција се врати и до последната трка се бореше за шампионската титула.
Сепак, тој нагласи дека неговата примарна цел не е да освои седум трофеи и да се израмни со Луис Хамилтон и Михаел Шумахер, туку сака да ужива во животот.
„Мојот договор трае до 2028 година, ама сè зависи од новите правиле во 2026 и дали ќе ми биде забавно. Ако не се забавувам, не се гледам себеси во шампионатот. Не ми е целта да освојам седум титули. Знам дека имам уште три години од договорот и тоа е достижно, ама не е нешто што морам да го направам пред да го напуштам спортот. Можеби утре ќе заминам од Формула 1.
Имам многу други страсти, други категории на трки. Сакам повеќе време со семејството и да живеам по сопствен распоред. Во мојата глава знам дека ако затворам едно поглавје, готово е, нема враќање“, изјави Верстапен.
Во 2026 година во Формула 1 се менуваат правилата, а тоа значи дека никој однапред не знае дали ќе биде конкурентен. Ова е притисок врз Ред Бул да направат добар болид, бидејќи во спротивно можеби ќе останат без Верстапен...