Верстапен не е одушевен од успесите на Хамилтон: На тој начин сите би станале шампиони...

Верстапен Хамилтон

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, важи за еден од најконтроверзните меѓу пилотите во Формула 1 шампионатот, кој не се плаши да го каже своето мислење и нема влакна на јазикот.

Последната негова изјава донесе мала провокација кон актуелниот првак Луис Хамилтон и неговата доминација во спортот во последните неколку сезони.

„Мислам дека јас, Рикиардо и Себастијан со тој болид исто така ќе бевме шампиони. Кога ќе ги видам снимките од болидот на Мерцедес, ми се чини дека во одреден дел од трките Луис не мора да вози со максимална брзина.

Јас и понатаму верувам дека ќе станам првак со Ред Бул, ако успееме да креираме вистински болид во наредните неколку сезони“ , вели младиот Холанѓанец.

Верстапен ја заврши сезоната на четвртата позиција во генералниот пласман со само два бода заостанување зад третопласираниот Кими Раиконен од Ферари.