• Горан Упале
Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман оваа сезона, Макс Верстапен беше најбрз во квалификациите за спринт трката на Големата награда на Соединетите Американски Држави во Остин.
Возачот на Ред Бул последен излезе на патеката и без многу мака го обезбеди првото место со резултат 1:33.908.
Холанѓанецот беше за 13 илјадитинки побрз од Џорџ Расел од Мерцедес, додека третата позиција ја зазеде асот на Ферари, Шарл Леклер (+0,0226). Второпласираниот во генералниот пласман Ландо Норис беше четврти. Возачот на Мекларен заостана 52 поени зад Верстапен на шест трки до крајот на сезоната.
Блиску до пол-позицијата беше вториот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, но направи мала грешка и квалификациите ги заврши само на седмото место.