• Иван Димовски

На патеката во Бахреин, се возеа првите две официјални претсезонски сесии во пресрет на новата Формула 1 сезона.
Двократниот шампион, Макс Верстапен, забележа најдобро време, со најбрз круг од 1:32,837 уште еднаш потврдувајќи ја моќта на Ред Бул. Интересно, зад Холанѓанецот најдобро време забележа ветеранот кој ќе дебитира во болидот на Астон Мартин, со само 0,029 секунди задоцнување.
Следеше дуото на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер имаа мал резултатски дефицит меѓусебе. По нив се пласира Норис, па следеа Хамилтон, Албон, и Жу со време под една секунда.
Тренинзите и тестовите продолжуваат и во следните денови, а тимовите ги користат податоците за дополнително да го „наштимаат“ болидот до стартот на сезоната на петти март.