Верстапен: Ми се допаѓа борбата со Хамилтон, во иднина се надевам...

Maks

До крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот остнуваат уште две трки. Оваа недела е закажана трката во Саудиска Арабија, а седум дена подоцна следува финалната пресметка во Абу Даби.

Макс Верстапен моментално е лидер и брани осум бода предност во однос на Луис Хамилтон. Британецот победа на последните две трки и ја намали негативата, па се очекува голема борба во завршницата од сезоната.

„Оваа сезона или сте под голем притисок или сте тој што постојано напаѓа. Мислам дека тоа е фантастично за спортот, добро е кога има две изедначени екипи во трката за титулата. Ми се допаѓа борбата со Хамилтон, но се надевам дека во иднина ќе има повеќе екипи во конкуренција за највисок пласман“, изјави лидерот во генералниот пласман.

Хамилтон го промени моторот пред трката во Бразил и се чини дека ќе има блага предност во финишот од сезоната. Меѓутоа, никој не го отпишува Верстапен, кој со својот Ред Бул победи на девет трки и сè уште не го кажал последниот збор.