Верстапен: Луѓето станаа многу чувствителни и не ја поднесуваат вистината

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, одби да разговара за казната што ја доби за време на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, истакнувајќи дека „луѓето не можат да ја поднесат вистината“. 

Четирикратниот светски првак доби казна од пет секунди поради излетување од патеката и го скрати својот пат во дуелот со Оскар Пјастри уште во првата кривина, што го чинеше пласман на второто место на крајот. 

Повеќе не можете слободно да го кажете своето мислење. Луѓето не можат да ја поднесат вистината и искреноста. Подобро да не зборувам многу на темава. Сите некако станаа многу чувствителни и се закануваат со казни и санкции. Така што, ако повеќе молчам, подобро за мене“, рече Верстапен. 

Овој негов став доаѓа откако Меѓународната автомобилска федерација најави ригорозни казни за сите што ќе ја критикуваат организацијата, нешто што често беше случај во изминатите сезони.