• Саше Љолес
Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, конечно стави крај на сите гласини околу неговата иднина и евентуалното заминување од екипата на Ред Бул.
Холандско-белгискиот возач проговори за медиумите и рече дека нема намера да ја раскине соработката, што автоматски значи дека ќе настапува за Ред Бул и следната сезона.
„Мислам дека е време да ставиме крај на сите шпекулации. Јас сум среќен во Ред Бул и планирам да возам за овој тим и следната сезона. Секогаш може да има некакви недоразбирања, но чесните луѓе наоѓаат чесен начин за излез од предизвиците“, изјави Верстапен.
Деновиве многу медиуми шпекулираа со премин на Верстапен во тимот на Мерцедес, некои одеа дури дотаму што велеа дека би можел и комплетно да се повлече од спортот, но сега сето тоа добива демант од најсигурниот можен извор.
ФОТО/PHOTO: Max Verstappen/Facebook