Верстапен: Кога потпишавме договор целта беше да останам до крајот на кариерата

Сагата околу Макс Верстапен и заминувањето од Ред Бул не стивнува. Холанѓанецот на прес-конференцијата пред трката за Големата награда на Белгија доби прашање токму на оваа тема. Поточно, го прашаа дали заминувањето на Кристијан Хорнер ќе влијае на неговата одлука.

„Заминувањето на Хорнер нема да влијае на мојата иднина. Луѓето имаат различни размислувања, а јас очекував да се случи вакво нешто бидејќи не може сите секогаш да се сложуваат. Мора мислењата да се спротивставуваат понекогаш. Сега целта ни е да бидеме конкурентни, работиме на болидот за оваа, но и за следната сезона. Постојат многу можности, а едната е од нив е дека утре можеби нема да се разбудам. Животот е непредвидлив. 

Многу сум среќен каде што се наоѓам и се надевам така ќе биде и во иднина. Целта која ја поставивме кога потпишавме нов договор беше да возам тука до крајот на кариерата“, изјави Верстапен.

Со овие зборови Верстапен ги израдува фановите на Ред Бул, бидејќи потврди дека сака да остане. Неговиот актуелен договор со тимот е до 2028 година.

ФОТО/PHOTO: Oracle Red Bull Racing/Twitter