• Сашо Поповски

Макс Верстапен ја освои пол-позицијата за трката во Јапонија, која е на програмата утре.
Актуелниот шампион во Формула 1 има отворен пат да го повтори успехот од лани. Возачите на Ферари му парираа на големиот конкурент, но на крај мораа да се задоволат со второто, односно третото место. Чарлс Леклер ќе стартува од првиот ред, а Карлос Саинц ќе биде веднаш зад нив.
Победа со најбрз круг на трката на Верстапен ќе му овозможи да се израдува на втората светска титула. Постојат уште неколку сценарија кои ќе му овозможат да запише нов голем успех на легендарната „Сузука“.
Неделната трка за Големата награда на Јапонија е закажана за 07:00 часот.