Верстапен казнет со пет, Ботас со три места на стартот во Катар!

Макс

Макс Верстапен доби санкција од стјуардите поради непочитување на жолти знамиња за време на вчерашните квалификации.

Возачот на Ред Бул ќе стартува пет места поназад, односно ќе тргне од седмото место. Тоа е голема предност за Луис Хамилтон, кој ја освои пол-позицијата. Три места казна доби и Валтери Ботас поради идентична причина. Возачот на Мерцедес ќе се најде пред Верстапен, односно ќе стартува од шестата позиција

Трката за Гoлемата награда на Катар е закажана за 15:00 часот. Верстапен брани 14 бода предност во однос на Хамилтон.