Верстапен ја зголеми предноста, Леклер му се доближи на Перез

Макс

Макс Верстапен со победата во Канада ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот, кој ја брани титулата од ланската сезона, сега стои на чело со 175 бода.

Откажувањето на Серхио Перез во Монтреал значи дека Чарлс Леклер стигна на три бода во однос на вториот возач на Ред Бул. Мексиканецот има 129 бода, а пилотот на Ферари со петтото место сега има 126 бода на своето конто.

Следува Џорџ Расел од Мерцедес, па Карлос Саинц од Ферари, а потоа на ред е Луис Хамилтон, кој има сезона за заборав.

На почетокот од јули е закажана трката за Големата награда на Велика Британија.