Верстапен ја испушти најважната пол-позиција, Хамилтон ќе тргне прв во Џеда!

Луис Хамилтон ќе стартува прв на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија, претпоследна во сезоната на Формула 1. Иако Макс Верстапен беше близу до пол-позицијата, погреши во најлошо можно време и практично му ја подари на ривалот. 

Британецот заврши пред Холанѓанецот и дојде до 103-та стартна позиција, а Валтери Ботас го комплетираше „еден-два“ и Мерцедес го доби првиот ред на гридот. Трет ќе стартува Верстапен, кој имаше сè во свои раце, возеше „летечки круг“ и имаше супер-брзо време кое ќе му донесеше пол-позиција на трката. Сепак, возачот на Ред Бул на излезот од последниот свиок се излизга и се удри во заштитниот ѕид, па со тоа си го поништи неверојатното време. 

На четвртото место се пласира Шарл Леклер од Ферари, пред Серхио Перез, Пјер Гасли, Ландо Норис, Јуки Тсунода, Естебан Окон и Антонио Џовинаци. 

Трката во Џеда ќе се вози утре од 18:00 часот, а Верстапен има осум бода предност пред Хамилтон во генералниот пласман.