• Иван Димовски
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) соопшти преку своите социјални мрежи дека правилникот за казнување поради непристоен јазик, воведен на стартот на оваа сезона, е значително ревидиран.
Првично, возачите кои ќе се изразат непристојно требаше да се соочат со казна од 40.000 евра за прв прекршок, а секој следен би се наплаќал дупло поскапо. Сепак, по последните измени, казната за изговорена пцовка или навреда изнесува само 5.000 евра, освен во случаи кога станува збор за многу сериозен прекршок, кој може да предизвика поголеми последици.
ФИА најави дека ќе се води сметка за контекстот – па така, на пример, ненамерна реакција на радио комуникација поради висок адреналин ќе се толерира повеќе од изјави на прес-конференции, каде што се очекува повисоко ниво на контрола и професионализам.
Оваа промена особено ќе му олесни на Макс Ферстапен, кој минатата сезона неколкупати беше казнет поради својот „остар јазик“ во комуникацијата со тимот и медиумите. Токму шампионот беше најголем противник на ФИА во оваа кампања, сметајќи дека не треба да бидат цензурирани. Поради тоа Верстапен долго време протестираше и не разговараше со новинарите.
ФОТО/PHOTO: Формула 1/Twitter