Верстапен и Алонсо најбрзи на тренинзите по улиците во Џеда

Втората трка на календарот во Формула 1 одново се вози в сабота. Трката за Големата награда на Саудиска Арабија на улиците во Џеда денес ги имаше првите официјални активности, односно двата стратни тренинзи. 

Во првата сесија најбрз беше Макс Верстапен, покажувајќи одлично темпо и круг од 1:29,569 минути. Двата Ред Була на поредокот ги подели Фернандо Алонсо, четврти беше Расел пред дуото од Ферари. 

На вториот тренинг во кој се возеше со побрзо темпо најдобро се покажа ветеранот Фернандо Алонсо. Шпанецот имаше најбрз круг од 1:28,827, пред Џорџ Расел кој доцнеше 0,230 секунди, а трет беше Верстапен. Потоа следеа Леклер и Перез, Строл, Саинц, Хамилтон, Гасли и Пиастри во топ десет. 

В петок се вози последниот тренинг од 14:30 и квалификациите во 18:00 часот, а трката е во истиот термин в сабота.