Верстапен ги прелета Ботас и Хамилтон, за пол-позиција на „Хунгароринг“

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од првата позиција на трката за ГН на Унгарија која се вози на патеката „Хунгароринг“.

Холанѓанецот успеа да ги надмудри апсолутните лидери оваа сезона, Валтери Ботас и Луис Хамилтон од Мерцедес и да ја освои својата прва пол-позиција годинава и воопшто прва во кариерата.

Ботас ќе стартува од второто место, Хамилтон е третопласиран, додека четвртото и петтото место им припадна на дуото на Ферари, Чарлс Леклерк и Себастијан Фетел.

Трката за ГН на Унгарија се вози утре попладне од 15:10 часот.