• Мартин Танасковски

Холандскиот Ф1-возач Макс Вертсапен дојде до нова победа во Формула 1 оваа сезона. Возачот на Ред Бул триумфира на трката за ГН на Италија на „Монца“ и испиша рекорд.
Со победата во италијанскиот град, Верстапен стана првиот возач во најбрзиот автомото спорт кој успеал да дојде до десет победи во една сезона. На трката која доцнеше 20 минути со стартот, второто место му припадна на Серхио Перез од Ред Бул, додека третопласиран беше Карлос Сајнц од домашниот Ферари.
На самиот старт на трката Сајнц дојде да биде водечки, пред Верстапен и Леклерк. Шпанецот и Холанѓанецот се надмудруваа од круг во круг, се до 15. круг, кога актуелниот првак го нападна возачот на Ферари и успеа да го презеде лидерското место. Во еден краток момент Верстапен го загуби првото место, но во 25. круг го врати пак и не го даде до крајот.
Формула 1 продолжува на 17 септември со трката за ГН на Сингапур.