Верстапен: Дури и да завршам на второто место, тоа ќе биде одлична сезона

Макс

Битката за шампионската титула во Формула 1 шампионатот продолжува овој викенд. Најдобрите возачи ќе се појават на патеката во Истанбул за ГН на Турција.

Луис Хамилтон засега има блага предност во однос на Макс Верстапен. Психолошките игри меѓу нив двајца траат цела сезона, а така се очекува да биде и до крајот.

„Секогаш давам сè од себе и знам дека тимот исто така го прави најдоброто што може. Ако на крајот на годината бидам прв, тоа, се разбира, ќе биде неверојатно достигнување и за тоа работиме, нели? Но, дури и да завршивме на второто место, мислам дека сепак ќе може да кажеме дека сме имале одлична сезона. И на крајот на денот, да бидам прв или втор, навистина нема да ми го промени мојот живот“, изјави Холанѓанецот.

Неговиот ривал од Мерцедес смета дека притисокот е кај Ред Бул, кој атакува на прва шампионска титула од деновите кога за тимот возеше Себастијан Фетел.