Верстапен: Да се бориш за седум или осум титули треба и малку среќа

Макс Верстапен го детронизира Луис Хамилтон и ја прекина доминацијата на Мерцедес во Светскиот шампионат во Формула 1. Холанѓанецот имаше неверојатна сезона со Ред Бул, а таа кулминираше во последната трка која понуди неверојатна драма. 

Според Верстапен, за да имаш доминација како онаа на Хамилтон, покрај возачките способности е потребна и доза на среќа. 

„Сè што ќе ми следи во кариерата отсега ќе биде бонус и ќе уживам во тоа. За мене, секогаш сакав еднаш да станам првак, па ќе видиме што ќе биде во иднина. 

Хамилтон седум пати беше шампион. Да се бориш за седум или осум титули треба и малку среќа. Потребен ти е и доминантен тим, па ако е така и не мораш баш секогаш да чекаш на среќата“, смета Верстапен. 

Оваа изјава ги налути фановите на Мерцедес и Хамилтон, но јасно е дека Верстапен немаше во план да го омаловажи ривалот. Британецот се нема појавено во јавноста по поразот во последната трка во Абу Даби, што е јасен показател дека е разочаран од исходот.