Верстапен царуваше на „Имола“, Норис пак изненади

Холандскиот Ф1-возач Макс Верстапен им се врати на победите, со триумф на трката за ГН на Италија која се возеше на славната патека „Имола“.

Актуелниот првак се покажа во блескаво издание и се поправи за фановите по трката за ГН на САД во Мајами на која не триумфира. Иако на тренинзите не блескаше, Верстапен водеше од почетокот до крајот и заслужено е прв.

Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен кој пак изненади, додека подиумот го комплетира Чарлс Леклерк од Ферари. Од италијанскиот тим се очекуваше повеќе, со оглед на фактот дека ова е нивна „домашна“ трка.

Од четвртото до десеттото место се најдоа Пјастри (Мекларен), Сајнц (Ферари), Хамилтон (Мерцедес), Расел (Мерцедес), Перез (Ред Бул), Строл (Астон Мартин) и Цунода (РБ).

Следната Ф1-трка се вози на 26 мај во Монако.