Верстапен: Алонсо не може да се бори за титула, можеби само за победи на трки...

Формула 1 сезоната започна слично како што заврши претходната, со доминација на Макс Верстапен и Ред Бул. Изненадувачки на подиумот заврши Фернандо Алонсо со својот Астон Мартин, откако возачите на Ферари доживеаја катастрофа. 

По оваа трка во Бахреин, интересна изјава даде шампионот. Верстапен нагласи дека Алонсо нема шанси за титула, но би можел да дојде до некоја победа на трките. 

„Мислам дека оваа година Алонсо тешко би можел да дојде до титула, но дефинитивно е возможно да победи некоја трка. Јас сум среќен што веќе го видов на подиумот во Бахреин. Астон Мартин сака да победува и се „засили“ со доста добри луѓе. Претпоставувам дека ќе напредуваат“, кажа Верстапен.

Астон Мартин покажа одлично темпо на почетокот на сезоната, а со возач како двократниот шампион Алонсо може да се надева на добри резултати.