Вебер: Хамилтон веќе е подобар од Михаел Шумахер

Поранешниот возач во Формула 1, Марк Вебер смета дека актуелниот шампион, Луис Хамилтон е подобар пилот од легендарниот Михаел Шумахер. 

Михаел Шумахер е рекордер по бројот на титули, со освоени седум шампионати, додека Британецот освои пет шампионски трофеи.

„Мислам дека Луис Хамилтон е подобар од Михаел Шумахер. Без сомнение, тој е најдобриот во последните 40 години. Тој дефинитивно може да се мери со Аиртон Сена и да биде рамноправен, доколку би возеле иста трка. Луис има неверојатна брзина тогаш кога е потребно. Не можам ни да кажам кои се негови вистински слабости. Тоа е она што го прави многу опасен“, изјави Австралиецот, Марк Вебер.

Луис Хамилтон доминира во формула 1 во последните неколку години, а е прв фаворит за освојување и одбрана на титулата во новата сезона. 33-годишниот Хамилтон веќе е рекордер по бројот на пол-позиции (83), пред Михаел Шумахер, кој застана на 68 пол-позиции.