Васер има верба во големиот шампион: 2000% сум зад Хамилтон!

Луис Хамилтон не го започна своето ново поглавје во Ферари како што многумина очекуваа. Британецот, кој има седум титули во Формула 1, по пет трки сезонава сè уште нема ни едно место на подиумот – а камоли победа. Иако ја освои спринт-трката во Кина, тоа е засега единствениот посериозен успех на Хамилтон оваа сезона. Во генералниот пласман има скромни 31 бод и се наоѓа на седмото место – дури зад младиот талент Кими Антонели кој го замени во Мерцедес. 

Сепак, во Ферари нема паника. Шефот на тимот, Фредерик Васер, останува максимално поддржувачки настроен кон Хамилтон.

„2000% сум зад него и му давам целосна поддршка. Веќе од утре ќе бараме решенија за да бидеме подобри. Искрено, не сум премногу загрижен. Ако погледнете што направивме во Бахреин, потенцијалот на болидот е очигледен“, изјави Васер.

Следната трка во Формула 1 е закажана за следниот викенд, а ќе се вози на уличната патека во Мајами.