Валентино Роси размислува за пензија од Мото ГП!

Валентино Роси пензија

Новата сезона не оди по посакуваниот план за Валентино Роси. Големиот шампион има проблеми со својата Јамаха и е далеку од конкуренција со Марк Маркез и останатите возачи.

Иконата на Мото ГП шампионатот и деветкратниот светски шампион ги шокираше своите фанови со изјавата дека размислува за пензија, ако работите не се подобрат во блиска иднина.

„Нормално е да се поставуваат некои прашања кога се наоѓате во ситуација како мојата. Се прашував секој ден, а тоа го правам во претходните десет години. Имам 40 години, односно постар сум 6 или 7 години од второпласираниот во генералниот пласман.

Има некои работи кои ги чувствувам само јас и кога нема да сакам да возам повеќе, ќе го кажам тоа. Тоа ќе зависи и од резултатите, ако не се подобри нешто, тешко ќе ми биде да продолжам. Имам 89 победи во кариерата, нема да биде лошо и да си заминам без уште една победа до крајот“ , рече популарниот „доктор“ од Италија.

Роси нема победа цели две години што е голем проблем за него, неговиот тим, но и неговите фановите кои се најбројни каде и да се појави.