ВИДЕО: Валентино Роси најбрз на првиот тренинг во Катар

Новата сезона во МотоГП веќе започна. Денес со официјалниот тренинг за Големата награда на Катар, љубителите на брзината веќе започнаа да го подигаат адреналинот и бубмејкерите веќе ги извадија листите за фаворитите во сезоната. 

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, извозе најбрз круг на првиот тренинг со време од 1:55,048. Хорхе Лоренцо и актуелниот светски првак Марк Маркез беа за нијанса поспори, а следеа Андреа Довициозо и Андреа Петручи.

Вечерва следи втората сесија тренинзи, а утре изутрина следат третиот и четвртиот тренинг и квалификациите за пол-позиција.

Прв слободен тренинг за ГН на Катар: 

Трката ќе се вози в недела со почеток од 17:00 часот.