Валентино Роси ги изненади сите, ќе се „проба“ во автомобилизмот

Италијанската легенда Валентино Роси стави крај на својата мотоциклистичка кариера во Мото ГП и го напушти спортот. 

Сепак, иако сите очекуваа дека Италијанецот ќе се повлече во целост, тој изненади и ќе се „проба“ во автомобилизмот. Роси на социјалните мрежи ја потврди својата соработка со екипата на ВРТ Ауди и ќе се натпреварува во Светскиот шампионат. 

Деветкратниот МотоГП првак веќе возеше на тестирањата во Валенсија, па набргу потоа потпиша и договор со ауди. Роси ќе вози во Купот на издржливоста и Спринг купот, првата трка е закажана за април на „Имола“ во Италија.