• Иван Димовски
Тимот на Рејсинг Булс - РБ по трката во Сингапур реши да го замени Даниел Рикиардо и на неговото место во болидот седнува Лиам Лосон.
Младиот возач кој и минатата сезона возеше неколку трки како замена сега официјално ја започнува кариреата во Формула 1 како возач со договор. Сепак, стартот на Лосон е неочекуван, бидејќи за дебитантската трка викендов во Остин ќе тргне со казна.
Причината за такво нешто е промената на погонската едицина во болидот кој досега го возеше Рикиардо. Бидејќи Лосон е замена среде сезона, тој ги наследува сите промени и регулации за болидот.
Добра вест за Лосон е тоа што викендов се вози и спринт трка, па казната ќе се имплементира в сабота, наместо на главната трка в недела.