• Иван Димовски

Постои можност оваа сезона во Формула 1 да види уште една одложена трка. По одложената трка за Големата Награда на Емилија Ромања, сега под закана е и онаа во Канада.
Во овој предел на Канада, под името Квебек, по поплавите се појавија и пожари. Шумското подрачје во овој регион е сериозно погодено од огнена стихија, која не може лесно да се изгасне. Поради тоа, постои ризик за одложување на трката во Канада.
Истата е закажана за 18 јуни, па мали се шансите ситуацијата да се стави под контрола дотогаш. Се организираат акции за гаснење на многуте жаришта.