Уште еден јуниор на Ред Бул ќе вози во Формула 1

Формула 1 тимот на Рејсинг Булс (ВЦАРБ) објави дека Лијам Лосон ќе биде заменет со Исак Хадар во тимот за сезоната 2025 година. Новиот тимски колега на Јуки Цунода е дваесетгодишник кој е еден од најперспективните млади возачи.

Исак на тој начин ги следи стапките на Макс Верстапен, Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо. Тој е 19-тиот возач кој се приклучил на Формула 1 преку јуниорската програма на Ред Бул.

„Многу сум возбуден, ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство и сите луѓе околу мене кои веруваа од самиот почеток. Патувањето од картинг до Формула 1 е неверојатно. Ова е нешто кон што работам од првиот ден и се чувствувам како да зачекорив во сосема нов универзум“, изјави новиот возач на тимот на РБ.

Лиам Лосон, пак, во Ред Бул ќе го замени Серхио Перез.