Уникатен рекорд на Мерцедес, Хамилтон на чекор од големиот Шумахер

Луис Хамилтон

Викендот не донесе ништо ново кога е во прашање Формула 1 шампионатот. Екипата на Мерцедес уште еднаш покажа моќ и славеше победа.

Луис Хамилтон се искачи на највисокото место на пиедесталот и ја запиша десеттата сезонска победа. На осум се израдува Британецот, а двапати победуваше клупскиот колега Валтери Ботас.

Најдоминантниот тим во Ф1 испиша рекорд кој не е виден цели 70 години. Во шест последователни сезони запишува двоцифрен број на триумфи. 

Бранителот на шампионската титула Хамилтон победил на 60 од вкупно 81 трка на кои настапил со својот Мерцедес. Тој сега се наоѓа на само десет од достигнувањето на легендарниот Михаел Шумахер, кој е рекордер по бројот на победи во историјата.

Исто така, британскиот возач атакува на оние 13 победи во една сезона на Германецот во 2004 година.