Укинати санкциите на рускиот возач, Мазепин сонува кам-бек во Формула 1

Никита Мазепин беше една од „жртвите“ на воената офанзива на Русија врз Украина. Младиот руски возач беше дел од Хаас тимот во Формула 1, а до тоа столче дојде преку спонзорскиот договор на фирмата на неговиот татко Дмитри Мазепин, под името „Уралкали“.

Поради руската офанзива, сите поседи на неговиот татко беа замрзнати, па тој отстапи од Хаас. Инаку, Дмитри Мазепин се смета за близок соработник со претседателот Владимир Путин, а поради тоа „настрада“ и Никита. Тој доби отказ од тимот на Хаас и мораше да замине поради неспортски мотивирани причини. 

Сепак, општиот суд на Европската унија му ги укина санкциите. Во соопштението е наведено дека Мазепин повеќе не е возач на Хаас, па се признава грешката дека тој е задржан на листата санкционирани.

Инаку, Никита Мазепин е под санкции од март 2022 година, а тој сега сонува дека може да се бори за кам-бек во Формула 1 и покрај тоа што не бележеше сјајни резултати.