Уџах позитивен на остарин, Британците останаа без штафетното сребро од Токио

На повидок е уште еден скандал во светот на атлетиката. Штафета 4×100 метри на Велика Британија, ќе остане без олимпискиот сребрен медал од Токио. Причината е позитивен допинг тест на еден од членовите на штафетата.

Си-Џеј Уџах бил позитивен на остарин, а допингот го потврдил и Б-тестот.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе им го одземе медалот на Британците, во чиј состав покрај Уџах, трчаа и Хјуз, Мичел Блејк и Килти.

  • Финалната штафетна трка во Токио: 

Во штафетната трка 4×100 метри олимписки победник е Италија, среброто треба ќе го добијат Канаѓаните, а бронзата ќе заврши кај Кинезите.