Удар за Хамилтон: Дисквалификуван од квалификациите за ГН на Бразил!

Актуелниот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, доби голем удар пред трката за ГН на Бразил и е дисквалификуван од квалификациите, односно спринт-трката, која се одржа пред главниот настан.

Британецот ги прекршил правилата на ФИА и доби дисквалификација поради технички нерегуларности поврзани со ДРС системот. Хамилтон иако беше најбрз ќе тргне од последното место на спринт-трката, но тоа не е се кога се говори за казните кои ги доби Британецот.

Хамилтон ќе има и дополнителна казна од пет места, па ќе биде вратен назад за пет позиции, без разлика кој пласман ќе го оствари во спринт-трката. Доколку Макс Верстапен дојде до победа на трката во Бразил, тогаш работите во Ф1 околу шампионот може да бидат решени.

Санкција доби и Макс Верстапен, само затоа што го допре болидот на Хамилтон на паркинг-местата. Холанѓанецот го гледаше задниот спојлер, реши да го „провери“, а ФИА за тоа му додели казна од 50.000 евра, а, за негова среќа, немаше друга санкција.

Спринт-трката во Бразил е закажана од 20:30 часот, додека главната трка ќе се вози в недела од 18:00 часот. Од првата позиција сега ќе стартува Макс Верстапен.