Тројца Македонци се дел од Twingo Cup во Чешка

На третата трка сезонава од првенството на Twingo Cup тројца македонски возачи ќе се појават на стартот на патеката Мост во Чешка. Марко Блажевски и Стефан Тренески сезонава веќе возеа на двете трки, во Италија и Словачка, додека првпат ќе седне зад управувачот годинава и Адо Хамзиќ.

За трката во Чешка се пријавени 24 возачи од пет земји од Европа. Денеска попладнево се квалификациите, а утре се на програмата двете трки, првата во 9,25, а втората во 15,45 часот. Планиран е да се возат 10 кругови, односно трката мора да заврши во временски период од 25 минути.

Марко Блажевски и Адо Хамзиќ се „староседелци“ и неколку сезони се натпреваруваат во Twingo Cup, додека за Стефан Тренески ова е дебитанската сезона. Тренески е меѓу најмладите возачи сезонава дел од ФИЗ ЦЕЗ академијата.

На првите две трки Блажевски двапати се искачуваше на пиедесталот, и плус победи на втората трка на Муџцело во Италија.

На патеката Муџело Марко Блажевски беше седмопласиран на првата трка, а Стефан Тренески го освои 10. место. на вторта трка побендик беше Марко Блажевски, а Тренескиостана без пласман.

На Словакиа ринг, на првата трка Марко Блажевски го освои второто место, а Стефан Тренески беше четвртопласиран. На втората трка Блажевски пак с еискачи на пиедесталот, но како третопласиран а Тренески беше петтопласиран.

Покрај натпреварите од Twingo Cup викендов на истата патека ќе се возат и натпревари од Suzuki Swift Cup,  Clo Cup Bohemia, TCR Eastern Europe, F4 CEZ, GT vozila.